Додека САД се подготвуваат за најголемата снежна бура за годината, Вашингтон се грижи за тоа како да ги зачува 3000 јапонски црешови дрвја, кои наскоро треба да расцутат.
“Нашата главна грижа не е толку снегот, колку ниските температури, околу – 0,5 степени Целзиусови. Тоа е затоа што процутот на дрвјатата е веќе во зародиш и тие почнуваат да смрзнуваат при -3 степени Целзиусови. Ризикот е за боите, а не за самите дрва кои се адаптирале на снег и ниски температури.“
Врвот на цветањето на јапонските цреши е меѓу 19 и 22 март и секоја година собира стотици илјади туристи во Вашингтон. По тој повод дури се организира и фестивал “Cherry Blossom”, кој донесува десетици милиони долари приходи.
Околу базенот на притоките на реката Потомак Tidal Bassin во паркот Источен Потомак растат 12 видови црешови дрвја. Прво цвета сортата Yoshi, кој е и најмногу загрозен од мартовските мразови оваа година.
Некои дрвја од овој вид веќе имаат цветови, но поголемиот дел се уште се во фаза пупки / 70% /. Оваа фаза е особено чувствителна на студот и мразот.
Метеоролозите предупредија дека се очекува силна снежна бура во Вашингтон во ноќта спроти вторникот. Тие предвидуваат снежна покривка до 20 см, температури околу нулата и ветер со брзина хот 50 км / ч.
