(ВИДЕ+ФОТО) Ова е атентаторот кој се обиде да го потопи во крв парискиот аеродром “Орли”

од desk2
86 прегледи

Францускиот државјанин Зиед Б. е мажот, кој денес ja нападна военaта патрола на парискиот аеродром “Орли”, соопштува локалното издание Le Parisien.

Во моментoв  неговиот дом го претресуват десетици полицајци. Претходно беше соопштено дека во рамките на истрагата се приведени братот и таткото на напаѓачот.

Инаку, утринава 39-годишниот Зиед украл возило, а малку подоцна ранил полицаец кој се обидел да го запре со цел му ги провери документите.

Потоа мажот се упатил кон зградата на аеродромот “Орли”, каде се обидел да го одземе автоматот ба еден војниците. Неговите колеги го застрелале напаѓачот. Поради инцидентот аеродромот беше затворен неколку часа, а повеќе од три илјади патници беа евакуирани.