0 Берово, 2 Маврово, 3 Скопје , Битола, 4 Струмица, Претор, 5 Гевгелија, Прилеп…

од Vladimir Zorba
102 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

0 Берово, 2 Маврово, 3 Скопје Петровец, Битола, 4 Кр. Паланка, Лазарополе, Струмица, Претор, 5 Гевгелија, Прилеп, Тетово, 6 Д. Капија, Куманово, Охрид, 7 Дебар, Скопје, Крушево, 8 Дојран, Штип, Пожаране, 10 Ѓуриште, Тополчани, Виница.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Сончево и претежно тивко. Само на североисток има понекаде слаб променлив ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена облачност претежно на запад и на исток. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен попладне и вдолж Повардарието. Температурата ќе биде во интервал од 19 дo 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 24 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат,а утрински негативни температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе би де се посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови во западните и северните делови од земјата. Од понеделник ќе има и позначително спуштање на температурата.