Силен земјотрес го потресе Бали, паника во хотелите

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Земјотресот со интензитет од 5,5, што се случи во средата во реонот на островот Бали во Индонезија, исплаши и стотици странски туристи

. Островот е атракција и  туристички центар за љубители на морето од целиот свет. Нема податоци за физички повредени и сериозни штети, но според очевидци, цитирани од ТАСС, многу од летувалците заминувале во паника од  хотелите . Според информација на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот е на 12 километри северно од градот Денпасар. Длабочината на огништето е 142 километри, а должината на потресот била околу 5 секунди.