ЕК очекува до септември земјите членки да ги исполнат квотите за прием на мигранти

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Европската комисија очекува земјите членки на Унијата да ги исполнат до септември оваа година своите обврски за борба со миграциската криза.

Европската комисија очекува земјите членки на Унијата да ги исполнат до септември оваа година своите обврски за борба со миграциската криза, кои се превземени во есента 2015 година, изјави на прес-конференција во седиштето на европската гранична агенција “Фронтекс” еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос .

Тој изрази надеж дека “сите земјите постапуваат во согласност со обврските кои  ги презеле”. “Инаку Европската комисија има можности за влијание”, рече комесарот. Во одговор на прашање за можни кривични мерки Аврамопулос изјави дека не може да каже ништо, бидејќи до септември има уште време. “Миграциската криза влијаеше на сите нас. Таа го стави под сомнение постоењето на Шенгенскиот простор – најголемото достигнување на европската интеграција “, изјави уште комесарот. Во однос на договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на миграциската бран кон континентот тој изјави дека според него тоа делува целосно. “Турската страна ги извршува добро обврските и во моментов бројот на мигрантите кои доаѓаат во Европа е 40-50 лица  на ден.

Во 2015 година, Европската комисија предложи воведување на квоти за прием на мигранти од Грција и Италија за сите земји од ЕУ. Иако поголем дел од земјите во Унијата примија квотите, во моментот се дистрибуираат едвај неколку илјади од вкупно 160-те илјади мигранти вклучени во програмата. / ТАСС