54-годишниот актер Том Круз се залетал по својата колешка Ванеса Кирби, со која соработува во “Невозможна мисија 6” и дури и размислува да ја направи четвртата по ред г-ѓа Круз, тврдат таблоиди.
Всушност тој бил причината таа да биде вклучена во кастингот на последниот дел од акциониот серијал “Невозможна мисија”. Според “Јин тач викли” Круз бил толку восхитен од нејзината улога во телевизиската серија “Круната” што посакал веднаш да соработува со неа.
“Тој им се восхитува на бескрајниот нејзин шарм и енергија. Дури сака таа да биде следната г-ѓа Том Круз”, велат блиски до новата холивудска двојка.
Том Круз немал врска од разводот со Кејти Холмс во 2012 година, кој следеше по 6 годишен брак. Кирби, која е 26 години помлада од него, сепак очигледно успеала да го разгори неговото срце.