Големата тајна на Чарлс и Дијана – гледате ли нешто вознемирувачки на оваа слика?

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Ги местеле нивните заеднички фотографии

Манипулацијата на јавноста е нешто нормално, кога се однесува до јавните личности, пишува Мирор. Пред неколку дена на Твитер се појави многу стара поштенска марка на која се снимени принцот Чарлс и Дијана во 1981 година На прв поглед се чини нормално – вљубена двојка позира пред објективот. Од второ гледање сепак се забележува како сликата очигледно требало да  ја нагласи кревкоста на принцезата и “кралската” висина на принцот Чарлс. Всушност – познато е, и двајцата биле со апсолутно иста висина – 178 сантиметри. Затоа и таа никогаш не носела чевли со високи потпетици кога се заедно.