Специјалното јавно обвинителство отвори четири нови истраги против четири лица за финансиски криминал .
Како што соопшти Обвинителката Катица Јанева, СЈО обезбедило материјални и вербални докази со кои според нив ќе се утврди на кој начин се перени пари во буџетот на Република Македонија и како овие пари завршувале во џебовите на функцинери на власта.
За новиот случај „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, се обезбедени голем број материјални и вербални докази. Новата истрага се однесува на времето од 2008-2015, период кога Управата за јавни приходи и Министерството за финансии, кои не само што не ги извршувале своите законски обврски, туку дозволиле поединци и други министерства да работат спротивно на законот, со што физични и правни лица се стекнале со имотна корист на има на Буџетот, рече денеска специјалната обвинителка Катица Јанева.
– Ќе се види на кој начин се перени пари во Буџетот и како тие пари завршувале во приватни џебови на одредени функционери од власта, како и на име на правни лица. Ова е почеток на овие истраги кои ќе се прошируваат на нови лица – рече Јанева и ги повика граѓаните да се охрабрат и да соработуваат со СЈО, затоа што, рече, сите тие даночни малверзиции влијаат врз сиромашниот стандард на народот.
Специјалната обвинителка рече дека овие финансиски истраги се комплексни и за нив е потребен подолг период, истакна Јанева

Првата истрага се води под кодно име „Табла“, втората истрага е под кодно име „Триста“, третата истрага под име „Тотал“, а четвртата истрага се води под кодно име „Тифани“.
Во случајот „Табла“ се сомничи директор на основно училиште во село Зајас, а последните два случаи се однесуваат на даночно затајување.
Во случајот „Триста“ се наведваат истраги против помошник министер во МВР околку договори со сервисите Порше Македонија , Кадиз, Колевски , Бохемија, Автомакедонија, Автомобиле СК , кои договори не биле најповолни , а за оддржување сервисирање и купопродажба на возила, а била прифатена као најевтина понуда. Вкупно оштета е над 400 милиони денари. Помошникот министер не го почитувал критериумот за јавни набавки за најекономична понуда.
Случајот „Тотал “ говори за даночни затајувања од околу 7 милиони денари или близу 121 000 евра, и даночни обврски од околу 63 илјади евра.
„Тифани“ е предмет со исто кривично дело даночно затајување за фирмата Смарт дооел Скопје , за неподмирени даночни обврски од 2 милони денари или 37 илјади евра и други даночни обврски 16 илјади евра.
Засега не се коментираат изворите на приходите на овие правни лица а како што појави портпаролот Ленче Ристовска тоа е друга истрага, а денечната се одндесува конкретно за затајување на данок и не плакање даночни обврски кон државата. Портпаролот Ленче Рисотвска потврди дека немаат издадено налог за привремени мерки за никој од осомничените.