Децата ги сметаат родителите за суперхерои со необични сили

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Децата меѓу 6- и 8-годишна возраст ги сметаат родителите за суперхерои или скриени негативци, а повеќе од половина дури се убедени дека нивните мајки и нивните татковци можат да читаат мисли. Други 35 отсто, пак, веруваат дека нивните мајки се способни да зготват цела манџа само со “пламен поглед”.

Во меѓувреме, во очите на децата, татковците се радуваат на невереојатна физичка сила, движење со голема брзина и способност да стануваат невидливи.

Ова докажува анкета спроведена меѓу 1.000 деца на возраст меѓу 6 и 8 години. 25% од децата дури се сомневаат дека нивните родители имаат скриен простор, како Бетмен, во кој чуваат костими и оружје за борба со “лошите”.