Синџирот ресторани за брза храна “Бургер Кинг” објави дека ќе купува пилешко месо само од фарми со “среќни кокошки”.
На овој начин компанијата смета дека ќе се олесни судбината на милиони кокошки.
Пилињата кои се одгледуваат во живинарска фарма само поради своето месо, се нарекуваат бројлери. Тие се меѓу најмалтретираните животни на планетата. Овие птици се одгледуваат во ненормални услови, каде што целта е да наддадат колку е можно побрзо тежина. Ова предизвикува огромни страдања на пердувестите животни.