(ГАЛЕРИЈА) Луксузниот воз дело на дизајнерот на Ферари

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Возот стрела веќе нема да е најпознатиот транспорт врз шините, бидејќи веќе има нов, луксузен начин за патување во Јапонија, додека уживаме во неверојатен поглед.

Ексклузивниот воз Suite Shiki-Shima кој треба да се “истрела” во месец мај оваа година, нуди двокатни станови и панорамски глетки и е дизајниран од страна на дизајнерот, кој стои зад различни модели на Porsche, Ferrari и Maserati.

Суперлуксузниот воз ќе патува само во источниот дел на земјата, нудејќи на 34 патници патувања со 1, 2 или 3 ноќевања во области со неверојатна култура, занаети и кулинарство.

Десетте вагона на возот вклучуваат софистициран ресторан, заедничка дневна и три приватни апартмани.

Во останатите 17 соби за гости има по две легла. Дизајнот е комбинација од модернистички облини, дрвени облоги и уметнички детали.

Иако во секој стан има двоен кревет, место за чување на багаж, туш кабина и тоалет, гостите во луксузниот воз се поставуваат на два спрата. Гостите имаат уште и бања со када.

Во собите има прозорци од подот до таванот, кои обезбедуваат удобен набљудувачки пункт на постојано менување на панорамата. Постојат, исто така, бар и маси за гостите.

Во екстравагантниот вагон-ресторан тим од најдобрите готвачи нуди јадења од јапонската кујна, кои се подготвени од сезонски производи.

Билетите за дводневните патувања почнуваат од 2229 фунти на човек, а четиридневните се на цена од 5373 фунти.

Слики на луксузниот воз може да разгледате во нашата галерија.