Терористот окј прегази многу пешаци на мостот во центарот на Лондон во средата попладне.

Халид Масуд, кој стои зад терористичкиот напад на парламентот во Лондон оваа недела, е муслиман со историја на насилство и познат на службите за безбедност, но само како “периферна” фигура. Полицијата соопшти дека 52-годишниот напаѓач, кој се наоѓа и под имињата Адријан Елмс и Адријан Расел Аџајо, не бил предмет на истрага на датумот на инцидентот, во кој загинаа четири лица, а десетици беа повредени. Полицијата верува дека тој дејствувал сам, но го опишува нападот како “исламистичко инспириран”, откако џихад група “Исламска држава” го прогласи за еден од своите “војници”.
Масуд е роден на Божиќ во 1964 година од самохрана мајка која се жени повторно кога бил дете. Заедно со доведените браќа, тој живеел во реонот на Кент во југоисточниот дел на Англија. Поранешните негови соученици раскажуваат дека тој бил популарен во училиште, но и “неодговорен” карактер. Неговиот прв контакт со законот е во 1983 година со пресуда за телесна повреда и уште неколку обвиненија за напад и незаконско поседување на оружје во текот на годините.
Марк Ешдаун, стар пријател од училиште, вели дека соученик им имал афинитет кон забавите, алкохолот, дрогата и девојките. Според неговите зборови Халид се променил по борба во локална кафеана во село Сасекс во 2000 година, во кој е уапсен поради осакатување. “Кога за првпат излезе од затвор, тој ми кажа дека ќе стане муслиман. Помислив дека се шегува”, вели Ешдаун пред весникот “Сан”. “Тој беше станал многу тивок и сериозен”, раскажува соученик. Ли Лоренс, друг сведок на тепањето во гостилницата, вели дека Масуд велел: “Јас само сакам крв, сонувам за убиството на некој”. Халид Масуд поминал извесно време како наставник по англиски јазик во Саудиска Арабија меѓу 2005 и 2015 година Според Амбасадата на кралството во британската престолнина, “во времето на престој во Саудиска Арабија, лицето не се појавува во видното поле на службите за безбедност и нема криминално досие во земјата”. Масуд живеел на неколку места околу Јужна Англија во текот на годините и е татко на две ќерки од прва сопруга пред Краткотрајниот брак со муслиманка. Англиската полиција смета дека пред нападот, тој престојувал во централниот град Бирмингем со друга своја партнерка. Во ноќта пред нападот останал во хотел во Брајтон. Порано земал и изнајмилн автомобил . Од раководството на хотелот негираат дека клинетот имал сомнителен изглед и дури го опишуваат како “пријателски настроен и насмеани” човек. Терористот прегази многу пешаци на мостот во центарот на Лондон во средата попладне, го остави автомобил до парламентот, прободе со нож полицаец до влезот и се обиде да влезе во зградата, но беше смртно застрелан. / АФП