Под паролата „Уметност засекогаш“ Академска сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје, утре ќе го одбележи Светскиот ден на театарот 27 март, со културна програма од пладне до полноќ.

„Театарот постоел насекаде. Од Теспис преку актерите-патувачи, потоа Ајсхил, Софокле, Еврипид, подоцна Брехт, Чехов – најдобрите автори на сите времиња. Театарот е како жива материја… Постоел и ќе постои засекогаш… Но во 1961 година е прогласен светскиот ден на театарот, со цел да се промовира мир и пријателство помеѓу различните нации, кои меѓусебно ќе соработуваат и разменуваат искуства од областа на УМЕТНОСТИТЕ.
Театарот е една од најсуптилните, но динамични уметности кои преку глумата на талентираните актери, пренесува најразлични чувства и емоции кои авторот сака побликата да ги почуствува, да се соживее и конечно да го добие максималното чувство на прочистување – катарза.
Ние годинава ќе се погрижиме за вашето уметничко прочистување заедно со нашите колеги од останатите уметнички факултети, од ликовна, музичка академија и архитектура .“ велат тие во најавата за настанот.
Настанот е од отворен карактер, а целосната програма можете да ја погледнете во продолжение:
***** 12:00 – Свечено отворање и читање на пораката за светскиот ден на театарот
***** 14:00- ‘’ ПАК ТРИ СЕСТРИ ‘’
Испит по предметот Актерска игра 4 на студентите од трета година на катедрата за драмски актери во класата на Проф. Зоја Бузалковска и Доц. Александар Степанулески
***** 17:00 – ‘’ СЛИВОМОНИЈАДА ‘’
Испит по предметот Актерска игра 1 на студентите од втора година на катедрата за драмски актери во класата на Проф. М-р Мими Таневска
***** 19:00- ДРАМСКО ЧИТАЊЕ ( драматургија)
” Брала мома капини” – Марина Трајковска
” Има нешто сјебано” – Moна Паскалова
***** 20:30- “ ТРОН ”
Испит по предметот Актерска игра 5 на студентите од четврта година на катедрата за драмски актери во класата на проф. Д-р Сузана Киранџиска и асистент М-р Кристина Леловац.
***** 22:30- Свирка на Lazy Drikners