Дожд, снег и постудено време

од Vladimir Zorba
71 прегледи

 

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

24 Гевгелија, Струмица, Д. Капија, 21 Штип, Виница, Прилеп, Скопје Петровец, Скопје, 20 Битола, Тетово, 19 Тополчани, 18 Кр. Паланка, Берово, Охрид, 17 Пожаране, 16 Ѓуриште, Претор, 13 Маврово, 12 Лазарополе.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.

1 Тетово, Лазарополе, >0 Кр. Паланка, Скопје Петровец, Д. Капија, Маврово, Виница, Скопје, Гевгелија, Штип.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне сончево со мала до умерена локална облачност. Прекуденот ќе имаше зголемување на облачноста со повремени  локални и слаби врнежи од дожд, наместа во северозападниот и југоисточниот дел од земјава беа проследени со ретки грмежи.

Дуваше и сеуште дува умерен до силен северен ветер во Пелагонија достигнуваше до 70 км/час,а во  скопското подрачје до 60 км/час.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе бидат од дожд и снег и снег на повисоките планини. Претежно ќе бидат застапени во на јужниот дел од земјава. Ќе дува умерен северен ветер.

Т-мин. од 0 до 5 а т-мин. 8 до 14 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Како  резултата на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре  дневната температурата на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната. Но, во  јужните и југоисточните делови од  земјава, предпладне сеуште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд и снег, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец.

Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.