ГЕРБ води на БСП со над 5,5 проценти при обработени 94,33 отсто од записниците од вчерашните парламентарни избори. Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија (ЦИК).
Партијата на Бојко Борисов добива 32,55% од гласовите, додека БСП биле поддржани од 27,02% од гласачите.
На трето место се редат Обединетите патриоти ( ВМРО, НФСБ и “Атака”) со 9,12 проценти од гласовите.
Веднаш по нив се редат ДПС со 8,94 отсто .
Последната партија која прескокнува 4 отсто бариера за влез во парламентот, е “Волја” на Веселин Марешки кои добиле довербата на 4,16 проценти од гласачите.
Под “линија” остануваат “Да, Бугарија” со 3,06 проценти, реформистичкиот блок со 3,02 отсто, доста со 3 проценти, “Нова Република” со 2,59 отсто.
Опцијата “Не поддржувам никого” била изборот на 2,53 проценти од бугарските гласачи.
Според овие резултати ГЕРБ би имале околу 96-97 пратеници во 44-то Народно собрание, а Обединетите патриоти околу 27 пратеници , што им овозможува да формираат двопартиско владејачко мнозинство.
Засега БСП имаат 79 пратеници, а ДПС – 26 пратеници. “Волја” се со 12 пратеници.