Масовна евакуација пред циклонот „Деби“ да удри на копното на Австралија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Илјадници луѓе се евакуирани, пред налетот на силна циклонска маса што се заканува да удри во копното на северниот дел на Австралија.

Австралиското Биро за метеорологија наведе дека циклонот „Деби“ е формиран во близина на брегот на Квинсленд, а се очекува да го погоди крајбрежјето во вторник наутро.

Како што е наведено, се очекува циклонот од актуелната втора категорија да премине во четврта категорија, со ветришта со брзина и до 260 километри, кога од Пацификот ќе премина на австралиското копно.

Жителите се предупредени да се подготват за најлошото невреме што ја погоди австралиската држава Квинсленд од циклонот „Јаси“ во 2011 година, кога беа уништени голем број куќи и земјоделски посеви.