Италијанскиот суд ослободил човек обвинет за силување затоа што неговата жртва не врескала.„Немало плачење ни врескање“, ѝ рекол на жртвата судијата Диаманте Минучи.

„Не сте го оттурнале. Мора да се запрашаме зошто“, рекол судијата на судењето во Торино, а потоа го ослободил 46-годишниот напаѓач.
Според Индипендент, на судот му било кажано дека жената на напаѓачот му рекла „Доста“, но судот одлучил дека тоа е „преслаба реакција“ и дека жената не може да докаже дека не се согласила за односот.
Адвокатите што ја застапуваат жртвата тврдат дека нивната клиентка била тивка поради „болната ситуација“ во која се нашла, а министерот за правда, Андреа Орландо, побарал судските службеници уште еднаш да го испитаат овој случај, кој заврши минатиот месец.
Пресудата предизвика гнев меѓу групите за права на жените, додека Анаграција Калабрија од партијата Форца Италија ја осуди пресудата. „Се разбира, вие не може да ја казните личната реакција на жена што е преплашена од тоа што ѝ се случува“, порача таа.