Сер Елтон наполни 70

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Очила и неизменетата обетка на десното уво, необични шапки, сјајни и брилијантни јакни се дел од реквизитите на Елтон Џон – еден од најпопуларните пејачи и композитори во нашето време, кој на 25 март наполни 70 години. Се верува дека Џон има продадено во САД и Велика Британија повеќе плочи од било кој друг изведувач. Елтон Џон е одличен автор на мелодии и носител на богат глас кој не го загуби во текот на годините, за разлика од многу свои колеги. Тој е и извонреден пијанист, кој добил стручно образование. Повеќето песни на Елтон Џон се исклучително препознатливи, каква што е и екстравагантниот изглед на уметникот.

Во ерата на музички експерименти и иновативни решенија тој ја покорува публиката со едноставни, но исклучително привлечни мелодии. Елтон Џон е “крал” на баладата во која вложува сопствени искуства, драматизам, контемплација и филозофски размислувања.

Еден од раните хитови на Елтон Џон е бавната песна „Sorry Seems To Be The Hardest Word“ (1976), напишана во коовторство со текстописецот Берни Топи. Песната „Sacrifice“ (1989) е карактеризира од музичката критика како “прекрасен мелодика и сериозна зрела лирика”. Многумина ја сметаат за најдобра песна на изведувачот.

Кон филмот “Царот лав” Елтон Џон ја пишува „Can You Feel The Love Tonight“ (1994) во коавторство со прочуениот Тим ​​Рајс. Композицијата „Believe“ (1994) се појавува малку по музиката на “Царот лав” и е полна со драматизам. Текстот е дело на Берни Топи.

Оваа година се наполни и половина век од почетокот на заедничката работа. Во 1994 двајцата со Берни потпишуваат со компанијата Warner / Chappell Music договор за 39 милиони долари – најголема дотогаш сума во историјата на поп музиката. Истата година Елтон Џон влегува во Салата на славните на рок енд рол, а една година подоцна станува носител на Орденот на Британска империја. Оттогаш музичарот може да се вика сер Елтон.

Роденото име на Елтон Џон е Реџиналд Кенет Двајт. Роден е во 1947 во лондонското предградие Пинер. Како четиригодишен почнува да свири на пијано, а на 11 добива стипендија за кралскиот конзерваториум, каде учи 6 години. Во 1960 со пријателите прават група која свири во локалната кафеана. На концертите оди со мајка си, бидејќи како малолетник нема право да влегува во установа каде се служи алкохол.