Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Вчерашната седница помина во типичен пример на злоупотреба ма собраниската говорница и парламентарната дебата кога преседавачот Трајко Вељановски дозволи понижување и злоупотреба на дебатата , која беше организирана со реплики и контрареплики на едни исти пртеници од ВМРО ДПМНЕ, и всушност терање на партиска кампања и агенда, а не расправа по точките на дневниот ред.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ настапија режирано и си тераа дебата за тиранска платфрма која е дел од нивната предизборна кампања во случај на нови избори, па така тие вчера таа кампања ја криеја зад наводните барања на “народот’ па да се почитува волјата на мнозинството на улицата при изборот на претседател на Комисијата и на Собранието кои, и претседател на Парламентот.
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДРЖАВА ЗА СИТЕ, ДОСТА ГИ ДЕЛЕВТЕ ГРАЃАНИТЕ!
Во вчерашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сами со себе реплицираа и контрареплицираа за т.н. тиранска платформа и порачаа дека се за унитарна, мултикултурна и напредна, а не федерализирана, бинационална и двојазична држава. Според нив, прифаќањето на платформата е постизборен инженеринг со кој се изигрува волјата на мнозинството.
Таа режирана претсава во парламентот на двапати беше прекината со укажувања од генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој укажа дека оваа е вон законско и кршење на деловникот на Собранието и исто така од претсавникот на ДУИ , Џевад Адеми кој предуреди дека ВМРО ДПМНЕ влегува во опасно сценарио понижувајќи ги сите и пред се Албанците.
АДЕМИ: МИЛОШОСКИ, ДАЛИ ПОСЛЕ 29 ЈАНУАРИ ПОЧНА ДА ТИ ПРЕЧИ ПЛАТФОРМАТА КОЈА НЕ ПОСТОИ?
Избегнувањето на гласањето и на комисијата и одлагање на избор на претседател на парламентот се очекува да се случува и денеска, освен ако СДСМ и парламентарното мнозинство не преземат други чекори на елиминирање на ваквата злоупотреба на парламентарната говорница.
Во однос на составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
ЗА претседател со потписи на 20 пратеници од страна на СДСМ и парламентарното мнозинство веќе е предложен пратеникот од ДУИ Талат Џафери.
Иако седницата продолжува , речиси е неверојатно дека ќе појде од мртва точка, бидејќи на свое обраќање чекаат уште 50 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Останува дилемата кога ќе започне вистинската дебата.