Владеењето на правото или владеењето на законите е правен и политички концепт, облик на општествено уредување според кое сите делови на општеството, а пред се претставниците на власта, во своите постапки мора да се (рако)водат исклучиво според законите и обичаите.
Ограничена власт
Притоа, владеењето на правото не подразбира владеење на правници, обвинители, адвокати, судови… како што често намерно погрешно се толкува дека секуларната држава не е обезбожена држава, држава во која нема место ни за религиозни луѓе, ни за верници, ни за Бога…
Поимите „владеење на правото” и „правна држава” всушност изразуваат иста политичко-филозофска идеја за тоа дека моќта на државата, како најважна во некое општество, мора да биде ограничена. Овие два поима опфаќаат ограничување на државната арбитрарност по пат на правен проект и негова законска примена.
Со други зборови, идејата за владеењето на правото се сведува на барање за право на ограничена и одговорна политичка власт чие делување има за цел остварување и заштита на најширокиот корпус на човековите права и слободи. Тоа е „метаправна идеја за добар правен поредок кој со детални и постојани прави ограничувања на државните власти, со соодветни делови од законот и лојални институционални гаранции се обезбедува човечката безбедност и слободата”.
Во владеењето на правото се регулира прашањето на „другите” или како што е кај нас во Уставот пежоративно регулирано за „останатите” (дури и во омразениот режим постоеја народи и народности) со сите нивни разлики, простете ми на слободата, непромисленоста и бласфемијата, беа еднакви!
Правото е придобивка која ги премостува разликите бидејќи со правото и правата сите партикуларитети се поместуваат во втор хиерархиски план. Односно, толкаво инсистирање на различности и нивно истакнување во прв план, всушност од една страна само укажува на исклучително низок степен на правото, а од друга, на намерно задржување на таквата состојба и ваквата ситуација затоа што секоја промена во смисла на подобрување на правото води кон поистоветување, кон сфаќање и прифаќање на другиот со сите негови разлики како рамен на себе, подобро разбирање и конечно кон одење на депонија во историјата на сите тие кои се систем во кој разликите се единствена вредност и доблест.
Право – правда – 2
Покрај поимот права, како и вредностите и доблестите, главно се користи и поимот „универзалност” со кој на тие темелни, природни, човечки особини се дава повисока димензија, божествена гаранција и непоречивост.
Моменталната состојба на инсистирање на типично и темелни човечки изуми, конструкција на умот: подлост, алчност, лакомост… кои главно ги поминаа границите на здрав разум, укажува не само на целосна обезбоженост на луѓето кои инсистираат на божествен авторитет на сопствената власт и истовиден легитимитет на истапување во име на сите и застапување на интересите на своите следбеници (никако на општите и никако на мнозинството), туку и за дефинитивно потиснување на правото, на сите наши права во второкласираност, третокласираност, во бесмисленост и незаинтересираност.
Теоретски, Босна и Херцеговина е правна, демократска држава „која функционира според словото на законот”, но само бидејќи во Анексот 4 во Дејтонскиот мировен договор, познат како Устав на БиХ, кој никогаш не помина низ парламентарна процедура, во изворен, англиски текст, го употребуваме поимот „rule of law” (владеење на законот). Практично, правниот поредок и праксата на државните органи во поглед на заштитата на основните принципи на владеењето на правото содржи толку сериозни недостатоци, што Босна и Херцеговина уште долго нема да биде „правна држава” во вистинска смисла на тој збор.
Правната држава мора на своите граѓани да гарантира правна сигурност. Правната сигурност постои кога пред законот и правото сите се еднакви и таа може да постои само таму каде нејзината севкупна дејност може да се предвиди, т.е. каде секој граѓанин може да знае што државните власти смеат да направат, а што не смеат и да знаат што е пропишано, што е дозволено или забрането.
Правната сигурност значи и тоа дека секој граѓанин може да верува во значењето и предвидливоста на важечките правни прописи, како и во правата и обврските кои произлегуваат од тие прописи, а на граѓанинот мора да му биде овозможено од судовите и управните органи да очекува идентични решенија за идентични спорови и проблеми.
Целосно е бесмислено, дури апсурдно, да се зборува за демократија, држава, политика, реформи, па и тие нејасни и сложени поими каков што е „европски вредности”, ако не постои инструмент кој ќе го обезбеди верувам едно од основните и крунски човекови права – правото на правда.
Правото на правда никогаш и никаде не било синоним, но додека во едно општество, посебно во ова нашето, не се воспостави владеење на (човечки, природни) права, права кои им припаѓаат на луѓето врз основ на тоа што се човечки битија (па и правото на праведно судење кога човек ќе се откаже од својата човечност), не може да се очекува било што да појде по патека на напредок и развој.
Јас знам дека такво нешто, дека сите правни правила кои се донесени и кои се на сила имаат подеднакво делување на сите граѓани, може да постои и постои само во фантазијата или на хартија, бидејќи се работи за идеална држава каква што не постои ни во историјата ни во практичниот живот. Но, исто така знам дека владеењето на правото е апсолутна потреба бидејќи тоа е единствен инструмент за поништување на систем и во (не)уредување темелено на разликите и во кое тие разлики се единствена критериумска предност.
Како што знам дека синтагмата „владеење на правото” опфаќа и состојба само во формално развиен правен систем кој се темели на непочитување на човековите права или на расна, полова или верска сегрегација, на пример Хитлерова Германија и Сталиновиот Советски сојуз, или Трамповата Америка… сите од ред развиени правни системи кои за жал се целосно во служба на злосторничка идеологија. Со други зборови, ако нема владеење на право и правна држава, тогаш е некој облик на неконтролирана моќ