Ги нарекуваат класичните актерки на Холивуд. Иконите, убави и познати не само со улогите, а и со тоа што секоја од нив има голема заслуга за обликувањето на Холивуд денес. Ви претставуваме неколку инспиративни цитат од најзначајните актерки на сите времиња.
“Има една разлика помеѓу долгиот живот и прекрасната вечера. При вечерата слатките нешта доаѓаат последни. “- Одри Хепберн
“Чудно е како годините нè учат на трпение. Колку стари сме и имаме помалку време, толку трпеливо чекаме. “- Елизабет Тејлор
“Жените стануваат понесреќни, кога се обидуваат да бидат послободни.” – Бриџит Бардо
“Животот е таков каков што ќе го направиш. Независно од сè, понекогаш ќе згрешиш, тоа е универзална вистина. Но, важно е дека ти одлучиш како ќе згрешиш. Само затоа што се случило еднаш, не значи дека ќе имаш неуспех во сè. Продолжи да се обидуваш, држи се, и секогаш, секогаш, секогаш верувај во себе, бидејќи ако ти не веруваш, тогаш кој би верувал? Затоа држи ја главата исправена, дигни ја брадата и најважно, продолжи да се смееш, бидејќи животот е нешто убаво и има толку многу причини да се смееш. “- Мерилин Монро
“Еманципацијата на жените ги натерала да ја загубат таинственоста.” – Грејс Кели
“Жената која е цврсто убедена во својата убавина, ќе успее конечно да ги убеди во неа и сите останати.” – Софија Лорен
“Ако сте благословени, вие сте благословени, без разлика дали сте мажени или не.” – Грета Гарбо
“Секоја актерка која се појавува на јавни места, без да биде добро одржувана, го копа сопствениот гроб.” – Џоан Крофорд
“Многу полесно е да се натераат луѓето да плачат отколку да се смеат.” – Вивиен Ли
“Една добра слика за мене отсекогаш била како пријател. Тоа е моето друштво, практичност и ме инспирира. “- Хеди Ламар
“Не го користам своето тело, за да заведувам, не. Јас само стојам таму. “- Урсула Андрес
“Во Холивуд велат дека секогаш треба да простуваме на непријателите, бидејќи никогаш не знаеш кога ќе треба да работиш со нив.” – Лана Тарнер
“Фантастично е, бидејќи сум живеела животот на илјадници луѓе, а не само мојот живот.” – Клаудија Кардинале