Пратеникот на Џеват Адеми од парламенраната говорница на денечното продолжеие на конститутивната седница на парламентот, го потврди тоа што сите го зборуваа, и навестуваа дека ВМРО ДПМНЕ прифатиле се во преговорите освен едно, ама тоа не било јазикот и претседател Албанец на кое сега се противат.

“Нека знае цела јавност… Во преговорите со ВМРО ДПНЕ не беше проблем ниту Законот за јазикот, ниту Претседателот на Собранието да биде Талат Џафери. Единствено што пропаднаа договорите беше функционалноста на СЈО. Тие не се согласија за продолжување на роковите на СЈО да може да поднесува обвиненија. Така што да не ја дефокусираме јавноста од суштината и да ја завршиме оваа режија порача пратеникот Џевад Адеми од ДУИ.