Италијанскиот чевлар Антонио Виетри е човекот со кого ќе се посоветувате ако имате многу пари и ви требаат ефектни чевли.
Неговото дело се првите во светот слични додатоци направени од 24-каратно злато. Тие претставуваат пар машки мокасини во сина и црна, чиј горен дел е изработен од 24-каратни златни нишки.
“Ова се првите чевли во светот, изработени од 24-каратно злато”, рече тој и додаде дека тоа е така бидејќи благородните метали не се само одозгора како украс, туку се градбен дел на чевелот. За да биде тој удобен, суптилните златни ленти се наредени во форма на срма и зашиени за кожа.
Со ексцентричниот пар Виетри се надева дека ќе успее да привлече повеќе свои клиенти од богатиот Персиски Залив и најмногу од држави како Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар.
Производителот не се залага само за машката линија која е пласирана на пазарот во 2016 година по “осум месеци на студии и експерименти”. Во оваа година се појавува и првата колекција создадена за женската клиентела.
Според Виетри најтешкиот дел е изаоѓањето на соодветна рамнотежа помеѓу моќта на златото и подвижноста на чевлите.
“Ако чевелот е премногу благ, златото ќе натежне. Ако е претешко, ќе е непријатно “, рече тој.
Секоја една од нив е изработена од 230 грама злато и е единствена од ваков вид, бидејќи е дизајнирана со 3D скенер по ногата на клиентот. Сумата за пар започнува од 25 000 евра за машки и од 30 000 евра за дамски модели.
Во цената влегува испорака со хеликоптер, а самите чевли се испорачуваат во специјална кутија со црн лак.