Совети за убавина од Џеки Кенеди

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Зад еден успешен маж секогаш стои една силна и убава жена. Ве враќаме години наназад, кога целиот свет беше прикован кон една од првите дами на САД – Жаклин Кенеди. Толку префинета, нежна и фина во секој момент. Модна икона, до чие совршенство многу наредни први дами се обидувале да стигнат. Споделуваме неколку нејзини тајни за убавина.
Не грижете се ако корените ви се благо подраснати или имате трансфузија во бојата на косата. Ако видите слики на Џеки, ќе го забележите омбре ефектот во косите.

Џеки ја чистела својата кожа со сапун што содржи кал од Мртвото Море. Производите кои содржат екстракти од Мртвото Море се познати по својата висока концентрација на минерали како калциум, калиум и магнезиум. Тие добро ја прочистуваат кожата и го смируваат црвенилото.

Денес постојат голем број на козметички брендови кои нудат слична грижа.

Додаток со кој Џеки Кенеди не се дели бил омилениот нејзин парфем . Луксузниот мирис комбинира ноти на пачули, бергам и цветни мотиви.

Волуменските рамки за очила никогаш, никогаш не излегуваат од мода.

Бисерните ѓердани секогаш се елегантни, затоа – носете ги.

Првата дама на САД добро знаела колку е важно веѓите да бидат совршено обликувани. Нема фотографии на кој таа да е снимена со несредени веѓи. Бидете повнимателни кон изгледот на веѓите. Секогаш чистете ги од вишокот влакненца, а таму каде што е потребно пополнете со молив и сенки за веѓи.

Дали сте забележале дека кај модните икони ништо не изгледа комплицирано и секогаш така беспрекорно. Ако пролетен ветер ви ја разбушави косата ви, или врне малку дожд, ставете околу главата убава свилена шамија. Кога сакате да скриете уморен изглед на очите, едноставно ставете очила за сонце.

На Џеки ѝ се допаѓале многу кармини со светли бои, кои се комбинираат со розово-црвени нијанси на облека. Затоа не се плашете да носите светли кармини.

Госпоѓа Кенеди сакала да поминува време под сончевите зраци, но требало да внимава и за убавината на косата. Нејзините фризери ја советувале да ги  заштити врвовите, со нанесување врз нив масла. Денес се доверуваме на голем број на соодветни за здравјето и убавината на косата масла како бадемово, арганово, кокосово и други.

Инвестирајте во луксузни кремови за лице. Животната средина, стресот, пушењето … Сите тие ја нарушуваат убавината на кожата. Џеки Кенеди користела висококвалитетна козметика која ја хидрира и негува кожата во длабочина.