Ако забележиме мувла на завесата или вратата во бањата, обично брзо донесуваме мерки за нејзино отстранување. Повеќето од нас сепак ретко размислуваат за бактериите кои не ги гледаме.
Треба ли да се грижиме дека бактериите во бањата може да нè разболат?
Рачката на тушот е место со идеални услови за развој на бактерии, бидејќи таму е влажно и топло. Организмите кои живеат таму се снабдуваат со хранливи материи секој пат кога се капеме. Бактериите се лепат едни за други, а се групираат внатре во слушалката.
Некои од нив кријат познат ризик за здравјето. Nontuberculous Mycobacteria пример е бактерија која природно се наоѓа во водата и почвата, но исто така може да навлезе и во рачката на тушот.
Иако повеќето од десетиците видови на оваа бактерија се целосно безопасни, некои од нив можат да предизвикаат белодробни инфекции, особено кај луѓето кои имаат ослабен имунолошки систем.
Друга бактерија која може да се открие во слушалката, е Legionella pneumophila, која може да доведе до развој на легионерска болест – вид пневмонија.
Ова сепак се најлошите сценарија. Во повеќето случаи бактериите кои се наоѓаат во рачката, се целосно безопасни.
Всушност многу од бактериите се корисни и служат за поддршка на имунолошкиот систем. Дневвно сме изложени на бактерии во правот во воздухот, храната, при контактот со други луѓе, животни, на работното место. И многу мал дел од нив можат да нè разболат.