Ново продолжение на серијалот „конститутивната седница на Собранието“- Не сакаат смена на власта!

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која треба да  се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Тоа е според дневниот ред а во пракса се случува изрежирана „дебата“ реплика-контрареплика на владеачката ВМРО ДПМНЕ и Трајко Вељановски, против парламентарното мнозинство.

За очекување е и дека денешната седница ќе биде повторно парада на злоупотреба ист како и вчерашниот ден. Во текот на седницата вчера пратениците од ВМРО-ДПМНE ги повторија барањата, јасно да се каже што е договорено со ДУИ, како и за откажување од тиранската платформа. Потенцираа дека единствен излез од политичката криза е одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните, и јасно е дека тоа е нивната цел,  а се останато е подготовка за избори и обична на предизборни популиситичка парада ама од парламенратна говорница.

Пратениците од СДСМ, пак, побараа да се престане со кршење на Деловникот и на злоупотребата на институтот за процедурални забелешки. Посочија дека дебатата треба да се фокусира на точката на дневниот ред и да се остави за секое прашање да се дебатира кога ќе дојде време за тоа.Првин избор на претседател, на институции, а дури потоа дебата за сите дилеми и отоврени прашања.ЈАсно е дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде опозиција, со ова тие го блокираат процесот и не сакаат смена на власта, ништо друго.

Пратениците во текот на расправата си разменија меѓу себе и обвиненија и прозивки за наводни криминали и злоупотреби.

Пријавени се  51 пратеник за дискусија. Досега правото на збор  го искористиле тројца пратеници.Оваа шарада и злоупотреба може да трае со месеци. Трајко Вењановски како претседавач не ја спречува злоупотребата на парламентарната говорница .

 

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата, е предуслов за избор на претседател на Парламентот.

Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

Од ВМРО-ДПМНЕ за членови се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Конститутивната собраниска седница, почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом. Сега има парламентарно мнозинство со 67 пратеника , но не се дозволува да се формира парламентот од страна на власта на заминување.