Со „Граѓанинот Кејн“ почнува Филозофскиот филмски фестивал

од Vladimir Zorba
101 прегледи
Седмото издание на Филозофскиот филмски фестивал, ќе почне вечерва со проекција на „Граѓанинот Кејн“, на Орсон Велс, по што ќе следува излагање на професорот Љубомир Цуцуловски на тема „Навраќање“. Фестивалот ќе трае до 7 април а ќе бидат прикажани „Исцеление“, „Со вперени камери“, „Небо од ванила“, „Прашина“ и други.
Гледачите за време на деветте фестивалски дена ќе имаат можност да погледнат 34 долгометражни и кратки филма и да проследат голем број предавања и дискусии на филозофски теми.  Предвидени се две селекции, на долгометражни и на краткометражни филмови. Селекцијата на квалитетни и филозофски релевантни филмови ја направија професорите Кирил Трајчев и Ана Опачиќ.

Од долгометражните филмови ќе бидат прикажани: „Аманет“, „Лампедуза“, „Смак“, „Бизнис на источен начин“, „Вдовица во црно“, „Сѐ за луѓето“ и „Бес“, а од краткометражните ќе бидат прикажани „Ноќта на сите нешта“, „Зуењето на бумбарот“, „Пролетна поплава“, „Шини“, „Случајот“…

Филмовите ќе се натпреваруваат за наградата „златен був“. Во жирито за долгометражни филмови се Иван Џепароски, Александар Прокопиев и Владимир Блажевски, а за кратки – Вангел Ноневски, Марија Џиџева и Петар Волнаровски.