Процедуралното говорење ја истисна вистинската дебата во Собранието – пауза за нов обид за договор!

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Денениот ден ниналку различен пд преходните. И натами доминираат  демек процедуралните забелечки а всушност се тера друга дебата, а не тоа што  по точките на дневен ред

 

По неколку паузи поради бројните процедурални забелешки, денешната седница на Собранието продолжи со меѓусебни обвинувања на пратениците до ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој е кочничар на реформите во земјата. Пратениците од СДСМ ги посочија лошите услови во студентските домови, како и системот на образование.

Нова пауза даде претседавачот со седницата Трајко Вељаноски по, како што рече, „50 минути процедурални говори“, што го прави невозможно продолжувањето на работата на Собранието.

Пратениците од ДУИ реагираа од собраниската говорница дека „ова ќе влезе во историјата на Македонија и ќе се учи во учебници како парламентарно малцинство не дозволува трансфер на власта на парламентарното мнозинство“.

Во меѓувреме, тТрајко  ги повика пратениците да се договарат дали ќе се продолжи со процедуралните забелешки или ќе се прекине, со цел да се забрза дебатата по предложените точки.