РАМА: Станува тензично „политичката температура“ на Балканот значително порасна!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Ситуацијата во Македонија би можела да излезе од контрола бидејќи се  одбива да се даде мандатот за формирање влада во која би учествувале партиите на локалните Албанци

Лидерот на албанската Социјалистичка партија Еди Рама во предизборна реторика го оцени регионотТој вели дека „политичката температура“ на Балканот значително пораснала, осврнувајќи се на тензиите во целиот регион.

„Во Србија се избира нов шеф на државата на 2 април, а провокациите кон младиот сосед се постојани…Косовските власти сакаат да формираат своја армија, без консултации со западните сили, што секако предизвикува тензии. Единството во Босна е под знак прашалник заради однесувањето на српските тврдокорни струи…Црна Гора има драматични парламентарни избори зад себе…“, Макаеоднија заглави по изборите и кризира со формирањето на инсттуциите, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за швајцарскиот весник „Tages-Anzeiger“

Осврнувајќи се на ситуацијата во Македонија  , Рама вели дека би можела да излезе од контрола бидејќи лидерот на втората најголема политичка партија одбива да го даде мандатот за формирање влада во која би учествувале партиите на локалните Албанци.

Запрашан за нападите од дел од македонските политичари дека се меша во внатрешните работи на една земја, Рама потсети дека Албанија не го довела никогаш во прашање името на државата, јазикот или идентитетот.

Лидерот на албанската Социјалистичка партија рече дека „политичката температура“ на Балканот значително пораснала, осврнувајќи се на тензиите во целиот регион  и треба да се биде внимателен , рече Рама во интервјуто за „Tages-Anzeiger“.