(ВИДЕО) Спасовски: БЕСА не ги повлече потписите, останува подготвеноста за учество во реформска Влада

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Нема нови избори ниту откажување од формирање на иституциите на државата од страна на СДСМ и парламентарното мнозинство. Се разгледуваат различни стратегии  но нема откажувања ниту од ДУИ, ниту БЕСА и Алијансата на Албанците. Цврсто сме решени за смена на Никола Груевски и мирна транзиција на власта, истакна генералнот секретер на СДСМ Оливер Спсовски во синоќешното гостување на Тв 24.

Проблеми во коалицијата настана откако СДСМ го поддржа Талат Џафери од ДУИ како кандидат за нов претседател на Собранието што наиде на осуда од страна од БЕСА. Исто така Артан Груби од ДУИ посочи дека однесувањето на БЕСА е неприфатливо и постојат недоразбирања што може да ја наруши коалицијата.

Сепак, Спасовски вели дека за ваквите изјави треба да се бара одговор од самиот Груби. Во продолжение погледнете го целото издание на 24 Анализа со Оливер Спасовски на оваа и многу други теми за актуелната институционална криза.

Ви пренесуваме дел од гостувањето на генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски, во 24 Анализа на ТВ24