Хашим Тачи навистина брза со формирањето на косовската војска. Иницијативата сака да си ја припише на себе, бидејќи неговиот опстанок во фотелјата и во политичкиот живот е неизвесна.

Сепак сите услови не му одат на рака. Прво, претседателските избори во Србија, како и сложена ситуација во регионот, особено во Македонија, поради тоа САД не сака да ја заврши оваа работата набрзина.
Мај Бјелош, истражувач во Белградскиот центар за безбедносна политика, објаснува дека САД со нетрпение ги чекаат резултатите од изборите во Србија и целокупната ситуација во регионот.
– Актуелниот премиер Александар Вучиќ изјави дека гарант на она што е договорено во Брисел, од една страна, а од друга страна е Хашим Тачи. Интересно е тоа што би се случило доколку дојде до промена на актерите во дијалогот – рече Бјелош.
Тачи, сепак, не се откажува, но инсистира на трансформацијата на Косовските безбедносни сили во вооружените сили и тоа да дојде што по скоро. Главната причина за итноста е тоа дека неговата фотелја како претседател на Косово се тресе.
– Тачи ја губи поддршката од САД и другите актери на меѓународната сцена, а се засилува подршката кон силната опозиција. Тоа е причината зошто тој се обидува да се етаблира како иницијатор на идејата за создавање на армијата, иако тоа би можело да го направи и косовската влада. Собира политички поени, бидејќи е свесен дека ова е тема за која сите се согласуваат – граѓаните, граѓанското општество, владата, па дури и опозицијата, која не се противи – објаснува Бјелош.
Влијанието на меѓународната заедница ка Косово, како и поединечни земји, е од суштинско значење во градењето на безбедносни институции – полицијата, безбедносните сили на Косово, безбедносните служби. Ова значи дека без нивната поддршка не е можно целосно да се спроведе трансформацијата на Косовските безбедносни сили во вооружените сили. Без оглед на официјална изјава на меѓународната заедница, последните три години, тие ја поддржаа трансформацијата на Косовските безбедносни сили во вооружените сили. Овие напори се поддржани со одвојување на буџетот на Владата на Косово.
Аналитичарот Душан Јањиќ вели дека преставникот на Доналд Трамп му ја пренел желбата на претседателот на САД дека има дозвола да формира војска на Косово, но самоо договор со малцинствата.
– САД го поддржуваат создавање на војска на Косово, од едноставна причина што тоа значи помалку трошоци, како и помал ризик за луѓето, бидејќи тоа е сега е префрлено на локалните членки на НАТО. Очекувам дека консултациите да продолжат веднаш по претседателските избори во Србија. Што ќе се одлучи со Српската листа во голема мера зависи од Србија, но тоа сигурно ќе биде војска на Косово – вели Јањиќ во изјавата за српски “Блиц”.
Промени во надворешната политика на претседателот на Трамп би можело да доведе до одложување во формирањето на вооружените сили, но нема да го спречи тоа. На меѓународната заедница не и е важно кој ќе го иницира процес, но тоа да го стори на начин на кој Србите, особено оние во Собранието на Косово кои се противат на гласање за промена на законите и уставот, да бидат вклучени во процесот. Затоа, овој процес ќе трае подолго од планираното. Бјелошс проценува дека тоа е временска рамка од неколку години.
Косовскиот буџет армија расте
Косовскиот буџет од година во година расте и е направен така што добар дел оди за посебнот министерство за косовските сили и да ја поддржи трансформацијата на Косовските безбедносни сили во вооружените сили.
Она што за нас е лошо е дека за сите политички кризи во регионот – Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, полека се искачува на политичката агенда на НАТО, што укажува на тоа дека ризиците се зголемуваат и дека меѓународната заедница со поголемо внимание следи се што се случува во регионот.