Новата влада ќе спроведе темелни реформи во судството

од Vladimir Zorba
58 прегледи

 

 СДСМ во соопштение денеска наведува дека Maкедонија ќе биде правна држава и дека ќе има темелни реформи во судството и обвинителството.

 – Околу 700.000 граѓани избраа промени и правда и тоа ќе се преточи во институциите на системот, стои во соопштението во кое се додава дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои си реплицираат само на себе во Собранието нема да ги спречат промените и правдата.

Според СДСМ граѓаните не сакаат недостижна правда, зашто таа им следува по Устав и закон.

– Потребна е Влада која ќе ги ослободи судството и обвинителството чија основна обврска е заштитата на основните човекови права. Во Програмата, новата реформска Влада на унитарна Македонија се обврзува дека ќе спроведе темелни реформи во оваа област и ќе обезбеди независно судство, истакнуваат од СДСМ и порачуваат дека  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја одблокираат работата на Собранието.

– Ќе биде избран нов претседател на Собранието и тој потоа веднаш ќе го извести Ѓорге Иванов дека има парламентарно мнозинство од 67 пратеници, за да му го даде мандатот на претседателот на СДСМ  Зоран Заев кој ќе ја формира новата реформска Влада на граѓаните на Македонија, стои во соопштението на СДСМ.