Туск утре му доаѓа на Иванов во Скопје!

од Vladimir Zorba
80 прегледи

И по многу шпекулации дека Иванов повторно би избег(на)ал средба како со еврокомесарот Хан, сепак ќе мора да се сретне со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Нема каде, ќе мора да одоговри на некои прашања дали нависитна се залага за тоа што го мисли , за тоа што од него го бараат или тоа што го кажува.

Туск утре ќе ја посети Република Македонија. Тој дефинитивно во Скопје ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.

 И по многу шпекулации дека Иванов повторно би избег(на)ал средба како со еврокомесарот Хан, сепак ќе мора да се сретне со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Нема каде, ќе мора да одоговри на некои прашања дали нависитна се залага за тоа што го мисли , за тоа што од него го бараат или тоа што го кажува.
Претседателот Иванов, како што информира неговиот кабинет, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.
Посетата на Македонија на првиот човек на ЕУ се реализира во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, како и во контекст на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите. Најавите  од страна на турскиот претседател Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа, пред се, за балканските држави, што е причина за алармирање на Европската Унија. Кризата во Македонија, е дополнителен мотив за оваа средба во Скопје.