Претставничкиот дом на САД гласаше во вторникот за отстранување на протоколите за приватноста на интернет, а одговорноста за прифаќањето или одбивањето на овој чекор веќе лежи на рамениците на претседателот Доналд Трамп.
Белата куќа излезе со изјава дека мерката цели кон олеснување на активностите на американската администрација и тврди дека советниците на државната глава ќе му препорачаат позитивен одговор на овој потег. Ако тоа се случи, корисниците ќе се разделат со условите за приватност на Сојузната комисија за комуникации.
Овие правила барале провајдерите на интернет и други мобилни услуги да бараат изрична согласност на клиентите, ако ја пренесуваат на трети лица нивната историја на пребарување на мрежата, како и секоја друга лична информација, со која овој тип компании располагаат.
Според законодавците во САД, сепак, сегашните барања “немаат сила или ефект” и нема како да се издаваат дополнителни одредби во иднина.
За да се отстрани оваа точка од законот, се бара потписот на шефот на државата, како и укинување на прописите од екипата на Барак Обама. Како што гледаме, Трамп без напор ги отстранува нормативните акти на претходната власт. Ако претседателот Трамп ја потпише одлуката за укинување на правилата за заштита на личните податоци, интернет провајдерите нема да сакаат да бараат одобрување на клиентите пред да ги споделат нивните информации.
Поголемиот дел од републиканците се цврсто “за” оваа мерка, додека демократите гласаат за зачувување на старите услови. На гласањето оваа недела беа покренати и редица спорови. Мајкл Капуано, кој е еден од најжестоките противници на новиот нацрт-закон, тврди дека пристапот до повеќе информации би можел да овозможи откривање на болести кај клиентите кои бараат публикации за симптоми и лекови во интернет.
Освен тоа провајдерите ќе гледаат за каква долна облека на пример се заинтересирани луѓето и ќе ја пренесуваат оваа информација на соодветните продавници кои пак ќе им праќаат реклами и понуди за шопинг.
“Тоа не е нивна информации. Тоа не е нивна работа “, рече тој. Капуано ги повика републиканците да го “напуштат капитолот за 5 минути и да најдат три лица на улицата кои сакаат фирмите за интернет услуги да ја собираат и да им ја продаваат историјата на прелистување”.
Во овој контекст се дискутираат и благи мерки, како самостоен избор на корисникот да даде “приватен режим” на својот интернет пребарувач, кој (не) го енкриптира сообраќајот во мрежата.
Ненси Пелоси од Демократската партија посочи дека никој не треба да има пристап до личните податоци. Според нејзините зборови провајдерите можат да ја видат секоја честичка од лични информации и дури и опцијата за енкрипција не може да заштити од злоупотреба. Според републиканецот Мајкл Барџис новите правила “неправедно го насочуваат пазарот” кон социјалните мрежи и пребарувачите, кои ќе имаат поголема можност да собираат и користат информации на клиентите за персонална реклама.
Предлогот за укинување на правилата за заштита на личните податоци е поднесен во Сенатот од сенаторот Џеф Флејк од Аризона. Марша Блекбурн смета дека регулирањето на Комисијата за комуникацијата е “само уште еден пример дека владата ги прецени своите можности”. Таа направи и повикување на одлуката од февруари 2015 година за повторни рангирања на мобилните провајдери.