Мијалкови со нова фирма за нафтен бизнис, обелоденето од собраниската говорница!

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Се шират ли  бизнисите на семејството Мијалкови  и во нафтениот бизнис?

Додека вие овде го блокирате Собранието и институциите,  вашето раководство се богати. Шест милиони евра потрошил Мијалков во јануари и во март за да купи депо за нафта и бензински пумпи? За ова ли го блокирате Собранието? Овој ли криминал го штитите, рече од собраниската говорница пратеникот Дамјан Манчевски.

– Ова е тековна состојба на „Бест веј инвестмент од Скопје коишто токму во овој период додека луѓето протестираат надвор ја купува Ом Петрол. Управител, односно единствен содружник на оваа компанија е синот на првиот братучед на Никола Груевски.

Токму преку овие зделки, додека граѓаните протестираат се шири богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи. Не е патриотизмот во прашање, не е ништо друго во прашање. Во прашање е ширењето на богатството на оваа криминална власт. Но правдата доаѓа, криминално стекнатиот имот ќе биде конфискуван, рече Љупчо Николовски.