Првиот од ваков вид нестандарден хотел без прозорци беше отворен во Витлеем овој месец.
Дизајнот на овој поинаков хотел е создаден од британскиот уметник Banksy. Во последните години тој се врзува како анонимен уличен уметник кој црта улични графити во различни делови на светот.
Хотелот е лоциран на неколку метри од Израелската бариера за безбедност во окупираниот Западен Брег.
Тој е на 3 спрата и вклучува ниско осветлен бар и ресторан, украсен како британски колонијален клуб со иронични графити на уметникот. Има 10 соби, меѓу кои простории во стилот на касарна и претседателски апартман, во кој можат да престојуваат до 6 гости.
Сите прозорци во собите имаат за поглед 5-метарскиот бетонски ѕид од бариерата за безбедност во близина.
Banksy сам опишува дека хотелот го има најлошиот поглед на светот. Сепак, интересот за него е исклучително висок.
“Дојдов тука, бидејќи слушнав дека Banksy отвора нов хотел и бев љубопитен”, изјави австралискиот турист, кој го прелетал растојанието од Мелбурн до Витлеем. “Сакав да го посетам овој хотел и исто и Западниот Брег. Овој хотел е уникатен “.
Проектот за хотелот е чуван во тајност околу година. Тој веќе е целосно резервиран до јуни.
“Очекуваме гости од целиот свет – Велика Британија, САД, Швајцарија, Шведска, Австралија, Финска”, изјави менаџерот на нестандардниот хотел.
Градоначалникот на градот го одредува хотелот како значителен прилог на туристичките атракции и дополнува: “Ставањето на сликите на Banksy во хотелот има значајни политички пораки, со кои веруваме дека ќе го привлечеме вниманието на окупацијата на Западниот брег”.
Видете го хотелот во нашата галерија.