Првата голема ретроспективна на хомосексуалната уметност беше отворена во британската галерија Тејт (англ. Tate Britain).
Со оваа изложба се слави навршувањето на 50 години од декриминализацијата на хомосексуалноста во Велика Британија. Изложбата е насловена “Queer British Art 1861-1967”, / “ексцентрична британска уметност 1861-1967” / и опфаќа период од еден век – од укинувањето на смртната казна за хомосексуалните практики до декриминализацијата.
Таа е претставена како “првата посветена на британската хомосексуална уметност” и во неа за прв пат е прикажан портрет на ирскиот писател Оскар Вајлд од 1881г. Тој е изложен до вратата од ќелија во затворот во Ридинг каде Вајлд бил затворен во 1895г. Откако добил казна од две години за хомосексуалност. Целта на организаторите е да предизвикаат чувство на емоционален удар со тупаница и да сфатат реално како животот на овој човек бил целосно уништен поради сексуалната ориентација.
Изложбата е поставена во осум сали и делата во неа се израз на скриени желби, прикриена суштина и дисхармонија меѓу приватноста и оваа во општеството. Таа покажува како уметниците од 19 в. ја користеле двосмисленоста, за да го претстават она што не можело да биде изразено директно.
Интересно е дека според организаторите хомосексуалната димензија не може да биде почувствувана од сите посетители. Изложбата содржи дела на Френсис Бекон, Дејвид Хокни, Сесил Битон и др.