Кина во САД и Европа ќе го прикажуваат „1984“ во знак на протест против Трамп

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Речиси 200 кинa во САД денес ќе го прикажат снимениот по книгата на Џорџ Орвел “1984” истоимен филм во знак на протест против претседателот на земјата Доналд Трамп, соопшти телевизиски канал Ен-Би-Си, повикувајќи се на организаторите. Претходно беше соопштено дека по победата на Трамп на претседателските избори издадениот пред околу 70 години роман стана бестселер и е исцрпен од компанијата за трговија Amazon.

Акцијата ќе се одржи во 185 градови во САД, во Канада, Англија, Шведска, Холандија и Хрватска.

Иницијативата се одржува денес, бидејќи на овој датум почнуваат и настаните опишани во романот.

“1984” е издаден во 1949 година и е едно од најпознатите дела во жанрот на антиутопијата. Тој е екранизиран во 1984 година од режисерот Мајкл Редфорд.