Блокадата на Собранието, злоупотреба на собраниската говорница, бегање од дневниот ред и терање на предизборна кампања на ВМРО ДПМНЕ, која е само митингашка кампања за оцрнување на СДСМ ,и ништо друго, ги седна на маса лидерите на СДСМ И ДУИ за да изнајдат решение.
Во парламентот не само што не се дозволува избор на претседател, се крши деловникот, и се спречува парламентарното мнозинство за да ги формира инситуциите на државата , туку се тера обична дрска партиска предизборна кампања како да е од партиски митинг велат пратениците од СДСМ.
Да, се знае дека ВМРО ДПМНЕ сака да оди на избори, ама не може кампањата да ја тера од собраниска говорница и да навредува и да ги нарекува пратениците кои исто се избрани од народот прадавници.
Како што сите тие зборуваат во име на народот, така и тие кои ги нарекуваат предавници се во име на народот . Освен ако целта не е да се направи судир , омраза, делби, ама тоа не е во интерес на Македонија велат од СДСМ, и затоа се повлековме од реплики и контрареплики.
Тие бараат избори , затоа што го замајуваат народот дека е загрозена државата и сакаат да се возат на таа карта , па она познзатото „ само да нема војна со тоа Албанците“ па манипулираат со закани, со страв и со губење на името , знаме, химна- се тое е лага и обична предизборна кампања на ВМРО ДПМНЕ, за изборите кои ги бараат веднаш.
Суштината е дека тие гледаат само за сопствената кожа,се плашат дека заради криминалит мора да лежат во затвор.
Тие заклучуваат дека целата блокада сега е вина на инструментот на Никола Груевски, Трајко Вељановски преседавачот кој целосно се избламирал и ја продлабочува кризата преку омразата која се изрекува од собраниската говорница.
Тој како и Иванов ги ставија во дупка сите свои залагања , целата своја политичка каква таква кариера за извршување на валканици и игри кои ја делат и ставаат на ризик целата држава, велат од СДСМ
Токму поради тоа вчера итна средба на лидерите на ДУИ и СДСМ . Нема соопштение од средбата, но има најави дека парламентарното мнозинство конечно ќе ја преземе одговорноста и ќе дејствува.

Портпаролот на ДУИ, Артан Груби потврди дека, вчера во Собранието имало средба помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети, но неговата изјава е протоколарна.
„Денешната средба беше во насока за изнаоѓање на решение за да се надмине блокадата на Собранието, а тоа да биде на начин кој го бараат граѓаните од нас. Нема ништо чудно и тајно, туку нормални контакти помеѓу двајца лидери“, изјави Груби во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

На оваа изјава на Манчевски, во емисјата Топ Тема на Телма , жестоко реагираше Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека ако СДСМ се обиде на сила да ги прекрши процедурите во Собранието пропишани со Деловникот, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски механизми да се спротивстави на тоа.
Артан Груби на истата дебата уште еднапш рече дека тие нема да поддржат ништо што води кон насилство.
Она што е сега како најава е дека нема да се чека на изживувањето ан Трајко и пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски вчера на прес-конференција изјави дека СДСМ и коалицијата имаат стратегија и конкретен план за да се деблокира Собранието.
„Дозволете таа стратегија и тој план да не е преку медиумите туку конкретно да биде операционализиран и со тоа да Собранието го деблокираме,“ одговори Николовски на новинарско прашање.
Денеска продолжува „собранискиот митинг“и пред и во собраниската сала, нема разлика. Насловена е како продолжение на конститутивната седница на Собранието на РМ. Да видиме кој ќе биде планот. Оној на СДСМ во најава или само тој на Трајко и ВМРО ДПМНЕ кој ни се случува во реалноста.
Ад