Виенската опера воведува превод на 6 јазика

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Виенската опера воведе превод за своите гледачи на шест јазици. Секое место во салата има мал екран, на кој тече превод на спектаклот. Досега тие беа само на германски и англиски јазик. Во рамките на голем проект за реновирање на салата, ќе проработи и новиот систем со електронски преводи на 6 јазици – англиски, германски, италијански, руски, француски и јапонски.

За овој проект ќе бидат дадени околу 2 милиони евра. Во новата сезона Виенската опера ќе прикаже 54 опери, девет балета, четири детски претстави и други концерти. Премиерите сезонава се 6 опери и три балета.

45 од спектаклите ќе можат да се гледаат во реално време на интернет.