Внимание! Од денеска засилена контрола на границите на Шенген зоната- што тоа значи за вас ?

од Vladimir Zorba
82 прегледи

На надворешните граници на Шенген зоната од денеска започнуваат систематски проверки за сите патници, поради усвоените амандмани на Законот за шенгенските граници, според кои, земјите членки на Шенген се обврзани на построга контрола.

Во досегашната пракса доволно беше граничарите само да ја извршат основната контрола, односно рутинска проверка на патните документи на граѓаните на ЕУ.

Отсега, тие документи ќе се проверуваат и во Шенгенскиот систем за информација (СИС), базата на Интерпол за украдени и изгубени патни документи, како и во државните бази.

Мерката е насочена против патници терористи и предвидува можноста пасошот на секој граѓанин на ЕУ да биде проверувани во полициските бази на податоци на влез или излез од граничниот премин на надворешната граница на Унијата. За да се избегнат долгите редици од чекање при пасошката контрола на аеродромите и пристаништата, регулативата овозможува на вработените да проверуваат само одредени категории кои патуваат без задолжително да воведуваат податоците на 100% од пминувањето на  границата.  Одлуката дали да се проверува секој кој патувал или не, се зема на место од службите на засегнатата земја во зависност од степенот на ризик за безбедноста.