По Американскиот ракетен напад во западната провинција Хомс Русија го прекинува дејството на меморандумот за спречување на инциденти и гарантирање на безбедноста на летовите на авијацијата при извршување на операции во Сирија, склучен порано со САД.
Тоа објавена од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, пренесува агенција “Фокус”, повикувајќи се на TACC. “Руската страна го запира дејството на меморандумот за спречување на инциденти и гарантирање на безбедноста на летовите на авијацијата при извршување на операции во Сирија, склучен со САД”, се наведува во соопштението од МНР на Москва.
Истовремено Москва повика на свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, за да биде разгледана ситуацијата по американските напади во Сирија.
“Ги повикуваме Советот за безбедност на ОН да одржи вонредна седница за разгледување на ситуацијата”, истакнаа од Министерството за надворешни работи.