Изложба во Охрид за историјатот на украсување на велигденски јајца во Русија

од desk2
136 прегледи

Изложба насловена „Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата „Фаберже““ денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид.

Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и современите тенденци на уметноста на украсување на јајца.

Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за уметничко украсување на декоративни велигденски јајца./Мета