
Рускиот државен телевизиски канал “Русија 24” покажа ексклузивни снимки од нападната сириска воздухопловна база “Шајрат”, која наводно била цел на американските ракетни напади, пренесе ББС. Репортерот Евгениј Поддубниј кој има пристап до базата, објави фотографии и видео на “Инстаграм”.
Според првичните податоци изгореле девет авиона на сириските воздухопловни сили. На фотографиите се гледаат остатоци и разурнувања, но во oсновна пистата речиси е цела и неуништена.

Не е јасно дали е снимена целата база или само дел од неа, истакна Ројтерс.
Воени бродови на СAД во Средоземното Море лансираа ноќеска 60 ракети “Томахок” по владини цели во Сирија. Американски удари се одговор на хемискиот напад против Хан Шејхун, во која загинаа 86 лица, а 27 од нив се деца. По нападот, кој американските војници го извршија во петокот во раните утрински часови врз авиобазата во сириската провинција Хомс, нема е податоци за тоа дали била пресретната барем една од 59-те “Томахоук” истрелани ракети, пишува весникот The Aviationist.

Се проценува дека С-400, најнапредна руски систем за противвоздушна одбрана, е во состојба да интервенира кон сите видови воздушни цели, вклучувајќи авиони, беспилотни летала балистички и крстосувачки проектили во опсег од 250 милји и височина од 19 милји. Системот е опремен со три видови на ракети, а радарот на С-400 може да го следи до 300 цели во опсег од 370 милји.