не очекувам дека ќе се случи судир меѓу полицијата и народот , и ова се само хушкачки методи и обиди да се спречи смена на власт и заминување на ВМРО ДПМНЕ во опозиција. Трајанов потврди дека нема никаква загорозеност на унитарноста на државата, освен загрозеност од криминалните структури на раководството на ВМРО ДПМНЕ.
Министерството за внатрешни работи (МВР) ја следи ситуацијата и доколку има нарушување на јавниот ред и мир, подготвено е да реагира, велат за „Мета“ од МВР, во врска со најавите за можно насилно влегување во Собранието.
– Министерството за внатрешни работи има формирано оперативен штаб и ја следи ситуацијата на терен. Доколку дојде до нарушување на јавниот ред и мир, Министерството за внатрешни работи е подготвено да реагира – велат од МВР на прашањето дали е зголемено нивото на безбедност околу Собранието по ваквите најави.
Деновиве пред Собранието можеше да се слушне пораката „Народот ве седна во пратеничките клупи, народот ќе ве извади“, како и дека „стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата во свои раце“.
Медиумите кои отворено ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да објавуваат текстови во кои провејува воена реторика и се споменува „самоиницијативна мобилизација“, „народни бригади“ и „граѓански групи кои за кусо време би реагирале со сите средства за спречување на узурпацијата на институциите“.
Во синоќешната 24 Анализа се расправаше за дилемите „ Дали нервозата од секојдневните собраниски игранки може да се прелее на улиците?

