Oтворeна истрага по смртните закани против судиите и новинарите во француската предизборна кампања

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Париското  јавно обвинителство отвори истрага откако судиите од финансискиот судски оддел и редакциите на неделникот „Канар аншене“ и веб весникот „Медиапар“ добија  смртни закани кои фрлаат нова дамка врз претседателската кампања, обележана со бројни судски афери, во која главни протагонисти се претседателски кандидати, јави дописникот на МИА од Париз.

Овие закани доаѓаат само две недели пред првиот круг на претседателските избори. Четири поштенски пратки во кои имаше куршуми, пристигнаа во понеделникот до финансиски центар и две „слични“ пратки беа примени во средата во двете редакции, потврди судски извор.

Заканите се потпишани од страна на мистериозен „2J Колектив за прочистување“, се досега непознат, и ги става „судиите и новинарите во иста торба“. Слика од писмото е објавена од страна „Медиапарт“, на која се гледа кратко писмо на кое има цртеж на ковчегот и на мртвечка глава. Директорот на „Медиапарт“, Едви Планел, поднесе пријава по добивањето на писмото испратено на негова адреса и на редакцијата закана за која стој смета дека е „сериозна“.

 

– Заканата потсетува на Граѓанската Служба за граѓански акции, истакна Пленел.

Овие закани, исто така, се однесуваат на четири финансиски судии, дојдоа само две недели од првиот круг на претседателските избори, кога кандидатите Франсоа Фијон (републиканците) и Марин Ле Пен (Национален фронт) се предмет на истрага од страна на финансискиот оддел на судот во Париз.

Откако неделникот „Канар аншене“ ја откри аферата на Фијон, кандидатот на републиканците и неговите приврзаници го оценија ова како монтирана операција за дестабилизација од врвот на државата во соучество на  на медиумите. Во четвртокот, поранешниот премиер дури и предупреди: „Оние кои се зад овој случај нема да спијат мирно во иднина“.

Елисејската палата соопшти дека дека членови на кабинетот на Франсоа Оланд биле жртви на „смртни закани“, по обвинувањата на Фијон дека  постои „црн кабинет“ во претседателската палата.

Од своја страна, националните финансиски обвинител оцени дека нема доволно докази кои би го оправдале отворање на прелиминарната истрага за тоа дали има или не „црн кабинет“ во Елисејската палата, како што советуваше Фијон.