
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои Гран При на Кина, постигнувајќи ja првата победа за 2017 година.
Британецот ja започна трката во Шангај од првата позиција и немаше никакви проблеми до финалето. Тој не допушти ниту една грешка и на крајот заслужено се поздрави со 54-тиот триумф во кариерата и 5-тa на оваа патека.
Веднаш по Хамилтон се нареди победникот од Мелбурн Себастијан Фетел. Германецот имаше тешкотии во почетокот и загуби неколку позиции. На крајот се прилагоди и ја извојува втората позиција. Трети, пак, остана Макс Верстапен со Ред Бул. Резултатот е одличен за него, бидејќи тој започна од 16-та позиција.
Рикардо пак се приближи до под секунда од Верстапен неколку круга пред крајот и дефинитивно беше побрз од својот холандски колега, го притисна , но не успеа да го претекне.
По нив остана Кими Раиконен со вториот Ферари, додека Валтер Ботас заврши само 6-и. Поени зедоа уште Карлос Сајнц со Торо Росо, Кевин Магнус со Рено и пилотите на Форс Индија Серхио Перез и Естебан Окон.
