Kronen Zeitung: Балканот свртува се помалку внимание на Западот и се отвора кон Русија

од desk2
79 прегледи

За време на посетата во балканските земји дипломат №1 на ЕУ Федерика Могерини сфати колку несериозно Југоисточна Европа се однесува кон Брисел, пишува германскиот новинар Курт Зајниц во Kronen Zeitung.

Во Македонија нејзиниот премиер дал отпор по прашањето за решавање на внатрешната криза, а во Србија ја исвиркаа за време на говорот и во парламентот, забележува авторот на материјалот.

Во Косово веднаш по нејзиното заминување се заострија конфликтите, а во Босна ја поканија само во незначителна протоколарна средба. Слабеењето на влијанието на ЕУ ја поттикнува Русија, Турција и Кина кон “големата интервенција”. Со “помош на пропагандата” Москва се обидува да ги освои симпатиите на Балканот, појавувајќи се како “најмногу активен” учесник меѓу Анкара и Пекинг.

“Се создава впечаток дека ЕУ и Западот постепено го напуштаат балканскиот регион” – истакнуваат српски медиуми. “Политичкиот вакуум” може да стане уште поголем за време на претседателот Доналд Трамп.

Според авторот, Европа “пропадна” уште во 1991 година за време на војната во Југославија, која требаше да завршат САД. И по војната сепак Европа не се заинтересира за овој регион и не забележа како се формираа нови огништа на конфликти кои можат да станат “непријатни репризи”, резимира Курт Зајниц.