
Огромен астероид ќе помине покрај Земјата во ноќта меѓу 19 и 20 април. Ова го објавија светските медиуми, повикувајќи се на податоци на НАСА. 650-метарското небесно тело JO25 ќе помине на растојание од 1,8 милиони километри од нашата планета.
Специјалистите истакнуваат дека нема опасност астероидот да се судри со Земјата. Слично небесно тело веќе поминало покрај нашата планета пред околу 400 години.