Вучиќ украл 319 000 гласа на изборите, а добил поддршка од селските средини!

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Од изборниот штаб на кандидатот за претседател на Србија Саша Јанковиќ, кој е и поранешен омбудсман, соопштија дека ново избраниот претседател и актуелен премиер Александар Вучиќ украл 319 000 гласа за време на претседателските избори на 2-ри април.

Вучиќ освои уште во првиот круг на претседателските избори со 55 отсто од гласовите. При проверката на вреќите со билтени во 25 избирачки места кои  ги отворивме во Републичката изборна комисија / РИК / откривме дополнително тешки нарушувања на изборниот процес, се вели во официјалното соопштение од штабот на Јанковиќ. Има огромна разлика помеѓу физичкото пребројување на гласовите и бројот на гласовите нанесени во избирачките протоколи. Вучиќ потенцијално украл цели 319 000 гласа, велат од штабот.

 “Изборниот штаб на Саша Јанковиќ вчера побара од РИК да добие пристап до вреќите со билтени од 25 избирачки места по случаен избор. Стигнавме до скандалозни неправилности при пребројувањето на гласовите. Само во Нови Пазар од две избирачки места Вучиќ” добива “543 гласа, со 250 повеќе од преброените гласачки ливчиња во вреќите. Слични неправилности има и во останатите избирачки места “, се вели во пораката. Од таму додаваат: Ако се базираме на фактот дека Вучиќ  додал 964 гласа во 25 избирачки места, што го прави 38 гласа додадени за него во секоја секција, тогаш може да тврдиме дека тој украл цели 319 000 гласа. “Тоа е проста сметка со множење на 38 украдени гласа во вкупно 8396 избирачки места во земјата”, пишува во заклучокот на анализата.

Секој ден во Србија има протести.  Потсетуваме  дека Саша Јанковиќ доби над 16 отсто од гласовите на изборите на 2-ри април. Во Србија секој ден речиси во сите градови на земјата од 3-ти април наваму се одржуваат масовни протести против “диктатурата на Вучиќ, изборните манипулации и цензурата во медиумите”. Во протестите учествуваат претежно млади луѓе од урбаните средини на Србија. Вучиќ ги  манипулира и има поддршка главно кја неписменото население  и селските средини на Србија .